• сабота, 27 јули 2024

Канадскиот премиер се вакцинира со Астра Зенека

Канадскиот премиер се вакцинира со Астра Зенека
Отава, 23 април 2021 (МИА) - Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска ја прими првата доза од вакцината против коронавирусот. Трудо се вакцинираше со Астра Зенека во една аптека во Отава. - Многу сум возбуден, изјави канадскиот премиер непосредно пред вакцинацијата. Заедно со Трудо се имунизираше и неговата сопруга Софи, која беше заразена со Ковид-19 на почетокот на пандемијата минатата година. гт/

Остани поврзан