• сабота, 27 јули 2024

Канада ја стави Иранската револуционерна гарда на својата листа на терористички организации

Канада ја стави Иранската револуционерна гарда на својата листа на терористички организации

Отава, 19 јуни 2024 (МИА) - Канада вечерва објави дека ја ставила Иранската револуционерна гарда на својата листа на терористички организации.

„Нашата влада донесе одлука да го вклучи Корпусот на Исламската револуционерна гарда меѓу организациите кои, според нашиот кривичен законик, потпаѓаат меѓу терористичките“, изјави канадскиот министер за јавна безбедност Доминик Ле Блан.

Револуционерната гарда е идеолошка воена формација на иранската теократска држава.

Владата во Отава објави дека Иран „покажал презир кон човековите права“ и покажал „желба да го дестабилизира меѓународниот поредок“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан