• вторник, 24 декември 2024

Канада со нови персонални санкции против Русија 

Канада со нови персонални санкции против Русија 

Вашингтон, 20 април 2022 (МИА) Канада воведува нови персонални санкции против руски официјални лица и олигарси, јавија синоќа од кандаското МНР. 

Новите мерки се воведуваат под регулативата за специјални економски мерки (Русија) а во одговор на незаконската и неоправдана инвазија на рускиот режим на Украина, велат од МНР. 

-Новите мерки воведуваат рестрикции за 14 блиски соработници на рускиот режим, вклучувајќи руски олигарси и членови на семејствата. Вклучени се и двете возрасни ќерки на претседателот Путин, се вели во соопштението.  

Санкционирана е и сопругата на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Меѓу новосанкционираните се и министерката за финансии Елвира Набуилина, како и олигарсите Пјотр Авен, Михаил Фридман и Михаил Гуцериев. 

Канада напоменува дека според експерстки извештај во рамките на Московски механизам на ОБСЕ се дознава дека во Украина „руските сили извршиле сериозни злодела и кршење на човековите права, вклучувајќи воени злосторства и најверојатно злосторства против човештвото“. 

-Нашите акции покажуваат дека Канада нема да попушти во тоа рускиот претседател Владимир Путин и неговите соработици да се повикаат на одговорност за соучество во злочинот со инвезијата на рускиот режим на Украина, се вели во соопштението. 

Остани поврзан