• среда, 27 ноември 2024

Канада бара казна за Аргентина за однесувањето во 1. коло на Купот на Америка

Канада бара казна за Аргентина за однесувањето во 1. коло на Купот на Америка

Атланта, 23 јуни 2024 (МИА) - Селекторот на канадската фудбалска репрезентација Џеси Марш е незадоволен од однесувањето на репрезентацијата на Аргентина (0:2) на воведниот натпревар од Копа Америка 2024 година одигран пред два дена.

Аргентинскиот тим се задржа во соблекувалната по првото полувреме подолго од предвидените 15 минути.

- Добро знам дека гледаа видео и анализираа како да го продолжат натпреварот. Имаа дополнително време да размислуваат како да одиграат во вториот дел. Ако знаевме дека тоа ќе се случи, ќе им дадевме уште 10 минути на нашите играчи да се подготват, изјави Марш за „Goal“.

Селекторот на канадската репрезентација истакна дека би сакал судиите да ги следат ваквите моменти. Марш исто така смета дека доколку неговиот тим доцнеше 5 минути, ќе беше казнет.

- Аргентина мора да биде казнета. Казнета! Треба да бидат казнети затоа што доцнеа 20 минути во вториот дел, нагласи Марш.

Аргентина е на првото место во групата А со 3 бода, Чиле и Перу имаат по еден, Канада е последна без освоен бод. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан