• четврток, 26 декември 2024

Канаваро главен кандидат за полски селектор

Канаваро главен кандидат за полски селектор
Рим, 9 јануари 2022 (МИА) – Италијанскиот тренер и поранешен репрезентативец Фабио Канаваро е главен кандидат за нов селектор на фудбалската репрезентација на Полска. „Скај Италија“ објави дека Канаваро веќе имал средба со раководството на Полската фудбалска федерација во Краков и преговорите добро напредуваат. Полска е без селектор по заминувањето од должноста на Пауло Соуса, кој ја предводеше репрезентација на 15 натпревари и оствари ефект од шест победи, пет нерешени и четири порази. Според италијанските медиуми, меѓу кандидатите за полски селектор е и поранешниот тренер на Јувентус, Андреа Пирло. ег/паг/

Остани поврзан