• петок, 27 декември 2024

Кампања „Тука сме за тебе“ за поддршка на жртвите на родово базирано насилство

Кампања „Тука сме за тебе“ за поддршка на жртвите на родово базирано насилство
Скопје, 8 март 2022 (МИА) - Организацијата на жените на општина Свети Николе и НВО „КХАМ“ Делчево ги повикуваат жените кои преживуваат родово базирано насилство да побараат бесплатна психо-социјална и правна помош од нивните стручни тимови на www.tukasmezatebe.mk Кампањата „Тука сме за тебе“ е пред се за жртвите на родово-базирано насилство со акцент на градовите Свети Николе и Делчево. Кампањата е реализирана во соработка со The Kvinna till Kvinna Foundation и Коалиција Маргини и има за цел пред сè да ја истакне важноста и потребата од психо-социјална помош кај жените кои преживуваат родово-базирано насилство. Од организациите велат дека жените кои преживуваат родово-базирано насилство се соочуваат со големо чувство на страв и срам поради кое не можат да видат излез од ситуацијата во која се наоѓаат.  Според нив, стигматизацијата и предрасудите во општеството се дополнителна причина за молк. Жените преку разговор и советување со стручни лица може да ја добијат потребната поддршка и разбирање и заедно со организациите да дојдат до решение на проблемите со кои е тешко да се борат сами. Покрај психо-социјалната поддршка, организациите нудат и бесплатна правна помош. Лицата кои се соочуваат со каква било форма на родово-базирано насилство може да побараат помош на www.tukasmezatebe.mk или да остварат директен контакт на: +389 33 413 695 Невладина организација „КХАМ“ Делчево +389 32 444 620 „Организација на жените на општина Свети Николе“. мд/лв/ https://www.youtube.com/watch?v=Q1gEmUGRrfA      

Остани поврзан