• среда, 25 декември 2024

Кампања на СЗО за искоренување на маларијата во 25 држави до 2025 година

Кампања на СЗО за искоренување на маларијата во 25 држави до 2025 година
Женева, 22 април 2021 (МИА) - Светска здравствена организација (СЗО) покренува нова иницијатива за искоренување на маларијата во 25 држави до 2025 година. Инцијативата ќе биде покрената на 25 април Светскиот ден за борба против маларијата, а земјите ќе добијат специјализирана поддршка и техничко упатство за искоренувањето на болеста. Со иницијативата се опфатени Тајланд, Јужна Африка и Саудиска Арабија. Според СЗО земјите од регионот на Голема Меконг, Југоисточна Азија веќе имаат постигнато голем напредок. Бројот на заболени од маларија во регионот каде спаѓаат  Камбоџа, кинеската провинција Јунан, Лаос, Мјанмар, Тајланд и Виетнам бвбво периодот од 2000 до 2020 година е намален за 97 проценти СЗО предупредува дека пандемијата со Ковид-19 го прекина дијагностицирањето и третманот на маларија. Маларијата се пренесува преку заразени комарци, но може да се се спречи и да се лекува. Според СЗО, на глобално ниво, во 39 земји и територии маларијата е искоренета. Во 2019 година во светот регистрирани се околу 229 милиони заразени луѓе со маларија и 409.000 смртни случаи. ми/

Остани поврзан