• сабота, 23 ноември 2024

Кампања на МЗ за имунизација на ризични групи против тешка форма на Ковид-19, за два дена вакцинирани над 1.500 лица

Кампања на МЗ за имунизација на ризични групи против тешка форма на Ковид-19, за два дена вакцинирани над 1.500 лица
Скопје, 7 март 2022 (МИА) - Над 1.500 лица за два дена се вакцинирани со прва и трета доза во рамки на широката кампања за имунизација за заштита на ризичното население од тешка форма на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Преку СМС пораки, како што посочуваат, ги повикуваат лицата од ризичната група над 65 години, како и помлади лица со коморбидитети, кои се уште не се заштитени со соодветна доза вакцина да се имунизираат, во точно определениот термин и пункт, закажани преку „МојТермин“. Од Министерството апелираат граѓаните да ги почитуваат закажаните термини и да се имунизираат, заради заштита на своето здравје. - Сите вакцини кои се користат во моментот се сигурни и безбедни и штитат од тешки форми на Ковид-19. Кампањата се реализира во соработка со здравствените домови, матичните лекари и Управата за електронско здравство, кои даваат максимална поддршка на овој процес. Повеќе информации за медицинските состојби поврзани со повисок ризик за тешка форма на Ковид-19 има на линкот: http://zdravstvo.gov.mk/shto-treba-da-znaete/ , информираат од Министерството за здравство. рп/ац/

Остани поврзан