• петок, 27 декември 2024

Кампања на бугарското МРДПР за собирање проектни идеи за прекугранична соработка

Кампања на бугарското МРДПР за собирање проектни идеи за прекугранична соработка
Софија, 17 ноември 2021 (МИА) - Бугарското Министерство за регионален развој и јавни работи (МРДПР) започнува кампања за собирање проектни идеи кои ќе се имплементираат во рамките на Интегрираната територијална стратегија (ИТС) во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија, која ќе се спроведува во периодот 2021-2027 година. Проектни идеи и решенија можат да поднесат месните заедници од областите Ќустендил и Благоевград, на територијата на Бугарија и североисточниот, источниот и југоисточниот плански регион на територијата на Република Северна Македонија, кои спаѓаат во опфатот на програма. Во текот на следните седум години, ЕУ ќе го зголеми финансирањето за проекти што доаѓаат од локалните заедници. Овој територијален пристап е силно застапен во Програмата меѓу двете земји, при што половина од буџетот оди за овој тип на проекти. Нивната имплементација ќе се заснова на Интегрираната територијална стратегија на прекуграничниот регион од програмата. Стратегијата има за цел да ги поддржи идеите на локалните претприемачи, институции и организации за интегриран развој на територијата, земајќи ги предвид заедничките предизвици со кои се соочуваат двете страни на границата со цел зголемување на конкурентноста и подобрување на деловното опкружување, како и надминување на сезонската на туристичката индустрија. Многу важен аспект од спроведувањето на  ИТС е потребата да се изгради силна врска помеѓу финансираните проекти и целите на стратегијата. Презентираните проектни идеи ќе се користат како основа за креирање на листа на операции (тематски групирани проектни идеи), кои ќе бидат основа за имплементација на ИТС. зш/аа/

Остани поврзан