• четврток, 26 декември 2024

Кампања за подобрување на дијагноза и регистрација на пациенти со ретки болести во земјава

Кампања за подобрување на дијагноза и регистрација на пациенти со ретки болести во земјава

Скопје, 23 февруари 2024 (МИА) - Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“, по повод Денот на ретки болести, денеска на прес-конференција ќе ја лансира Кампањата за подобрување на дијагноза и регистрација на пациенти со ретки болести во земјава.

Од Здружението информираат дека во рамки на кампањата, почнуваат соработка со Здружението на лекари по општа семејна медицина, со цел заеднички да го подобрат пристапот до дијагноза.

-Раниот пристап до дијагноза, информација и терапија се клучни за подобрување на квалитет на живот на пациентите и семејствата со ретки болести, посочуваат од Здружението „Живот со предизвици“.фф/вг/

Фото: МИА Архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан