Кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“ во Штип
- Имаме појава на булинг во нашите училишта. На прв поглед можеби станува збор за мал број на пријавени случаи. Но, со охрабрувањето на родителите бележи и одредно зголемување, истакна вршителот на должност директор на Педагошката служба при Министерството за образование и наука, Роберт Аџипетров на вечерашната работилница во Штип, а наменета за родители од кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“.
Штип, 12 декември 2024 (МИА) – Имаме појава на булинг во нашите училишта. На прв поглед можеби станува збор за мал број на пријавени случаи. Но, со охрабрувањето на родителите бележи и одредно зголемување, истакна вршителот на должност директор на Педагошката служба при Министерството за образование и наука, Роберт Аџипетров на вечерашната работилница во Штип, а наменета за родители од кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“.
-Министерството за образование и наука во насока на излегување на барањата на родителите има отворено портал „Пријави насилство“ и е дополнителна алатка, надвор од она што го нудат службите во училиштата. Дополнителна алатка за пријавување на случаи, а истите потоа се предмет на работа на стручни лица и можам да кажам дека бројот се движи едноцифрен за сега, можеби и до десет случаи месечно, коишто потоа се во фаза на работа на стручни служби и овде е тотално загарантирана дискрецијата во насока на асистенција на службите на училиштата, а во најдобар интерес на учениците, вели Аџипетров.
Анџелка Илиева родител вели дека кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“ ги освестува сите, вклучувајќи ги училиштата, но и родителите.
-Најмногу не освестува нас родителите, затоа што не зависно дали сме ние родители на дете коешто е жртва на некакво врсничко насилство или булинг или е дете коешто го врши тоа. Сепак тоа се деца и за да прават булинг и за да вршат некаков тип на насилство треба да има некоја причина и како што знаеме најчесто причината лежи во семејството и тоа е и причина ние родителите да се освестиме, многу активно да се вклучиме во оваа кампања, вели Илиева.
Актерот, Сашко Коцев кој е дел од кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“ вели дека по низата на работилници низ градовите во земјава се отплеткува клопчето и отворено се говори на темата булинг од страна на родителите, наставниците, раководствата на училиштата.
-Можам да заклучам дека ние нема веднаш со овој проблем да се справиме. Но е добро, како идеја и воопшто како потег, бидејќи од некаде нешто ќе се тргне, да се менува, да се разговара, вели Коцев.
Вечерва во преполна сала на Советот на Општина Штип се одржа седмата едукативна работилница за родители од кампањата „Крени глас против врсничко насилство", а која е поддржана од компанијата „Макпетрол“. вдј/ев/
Фото: МИА