Камион со марихуана запленет на ГП „Богородица“
- Полицијата вечерва на граничниот премин „Богородица“ заплени камион полн со марихуана, информираат од МВР за МИА.
Скопје, 6 март 2021 (МИА) - Полицијата вечерва на граничниот премин „Богородица“ заплени камион полн со марихуана, информираат од МВР за МИА.
Од МВР повеќе детали за акцијата најавуваат за утре.
Во Гевгелија денеска се одвива и друга акција за сузбивање на нелегална трговија со дрога, каде се запленети околу 200 килограми марихуана и приведени неколку лица. мд/сст/