• четврток, 26 декември 2024

Камила Кабело во реклама за парфем на „Викторија сикрет“

Камила Кабело во реклама за парфем на „Викторија сикрет“
Лос Анџелес, 28 април 2022 (МИА) - Камила Кабело е ново лице на модниот бренд „Викторија сикрет“. Кубанско-американската пејачка во вторникот на Инстаграм ја сподели нејзината реклама за парфемот „Бомбшел“ (Bombshell). Таа глуми и во англиската верзија на рекламата, и таа на шпански јазик. „Чест ми е што сум најновото дополнување на семејството @victoriassecret - „Бомбшел“ и што сум дел од првата двојазична кампања на брендот! „Бомбшел“ („бомба“) значи да се прегрнеш кој си и што си, и да го славиш тоа секој ден“, напиша таа покрај видеото. Во рекламата, Кабело продолжува да говори за зборот „бомба“: „...Да ги поседуваш твоите желби, твоите задоволства и да уживаш во сè што има да понуди животот. Оние работи што прават да се чувствуваш одлично и да се чувствуваш радосно. Да ​​бидеш тоа што си - во секој поглед“. Пејачката објави и фотографии од снимањето. Нејзе, според коментарите потоа, посебно ѝ се допаднало што не ѝ ги избришале ниту пегите од фотографиите.  си/паг/

Остани поврзан