• среда, 25 декември 2024

Камерон разговараше со министрите за надворешни работи на арапските и исламските земји за конфликтот во Газа

Камерон разговараше со министрите за надворешни работи на арапските и исламските земји за конфликтот во Газа

Лондон, 22 ноември 2023 (МИА) - Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон денеска во Лондон се сретна со министрите за надворешни работи на арапските и исламските земји за да разговараат за конфликтот во Појасот Газа.

Средбата се одржа откако Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот во Газа за најмалку четири дена.

-Разговаравме како можеме да го искористиме овој чекор напред за да размислуваме за иднината и како можеме да изградиме мирна иднина која обезбедува безбедност за Израел, но и мир и стабилност за палестинскиот народ, наведе Камерон во изјавата.

На средбата со Камерон учествуваа министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија, Јордан, Египет, Турција, Индонезија и Нигерија, палестинскиот министер за надворешни работи, генералниот секретар на Арапската лига и амбасадорот на Катар во Велика Британија, соопштија британските власти. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан