• четврток, 26 декември 2024

Камерон: Прекинот на огнот во Газа е клучен, но треба да се исполнат условите

Камерон: Прекинот на огнот во Газа е клучен, но треба да се исполнат условите

Лондон, 20 март 2024 (МИА) - Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон оцени дека прекинот на борбите меѓу Израел и Хамас е од витално значење, но и дека прво мора да се исполнат условите за траен прекин на огнот.

„Клучно е паузата да ја претвориме во траен одржлив прекин на огнот. Тоа ќе го направиме само ако се исполнат цела низа услови“, рече Камерон.

Според него, неопходно е лидерите на групата Хамас (која е прогласена за терористичка во САД и ЕУ) да ја напуштат Газа, за да се „разбие терористичката инфраструктура. ссм/

фото: архива

Остани поврзан