• среда, 18 декември 2024

Камерон Дијаз: Душата ми е мирна откако го напуштив Холивуд

Камерон Дијаз: Душата ми е мирна откако го напуштив Холивуд
Лос Анџелес, 6 август 2020 (МИА) - Во разговор со Гвинет Палтроу што беше пренесуван во живо на Јутјуб, Камерон Дијаз рече оти „душата ѝ е мирна“ откако го напуштила Холивуд. - Имам мир во душата, зашто конечно можам да се грижам за себе. Чудно е, знам. Многу луѓе нема да го разберат ова. Ама, знам дека ти разбираш, ѝ рече Дијаз на Палтроу, која освен водителка, е исто така и глумица. „Лошата наставничка“, како што беше насловен последниот нејзин филмски хит, натаму вели дека сега е ослободена и од притисокот на јавноста. - Koгa работиш на филм, тие те поседуваат. Постојано те следат... Немаш време за ништо друго, вели Дијаз. Откако ја напушти филмската сцена, таа се омажи за Бенџамин Меден, а во јануари годинава тие ја добија и ќерката Радикс. Во меѓувреме, Дијаз лансираше и свој бренд вино.  си/

Остани поврзан