• сабота, 23 ноември 2024

Камерон го повика Израел да не возвраќа по иранскиот напад

Камерон го повика Израел да не возвраќа по иранскиот напад

Лондон, 15 април 2024 (МИА) - Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон го повика Израел да не возвраќа по иранскиот напад со беспилотни летала и ракети и рече дека потегот на Техеран речиси целосно пропаднал.

Според Камерон, фокусот треба да остане на постигнување договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

„Доколку сте во Израел утрово, сосема со право мислите дека имате целосно право да одговорите на ова и тие (Израел) го имаат тоа. На многу начини, ова е двојна загуба за Иран. Нападот речиси целосно пропадна и тие му открија на светот дека тие се лошото влијание во регионот кои се подготвени да го направат тоа. Затоа се надеваме дека нема да има одмазда“, додаде Камерон. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан