• вторник, 24 декември 2024

Камерната опера „Свадба“ на 52. „Мајски оперски вечери“

Камерната опера „Свадба“ на 52. „Мајски оперски вечери“

Скопје, 28 мај 2024 (МИА) – На сцената на НОБ вечер во рамките на 52. издание на „Мајски оперски вечери“ ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ под диригентската палка на Јелена Шасник, во режија на Андреј Јус.

Сценографијата е на Јаро Јеше, костимографијата на Маја Сотошек, а во главните улоги настапуваат: сопраните Штефица Грасели, Тереза Плут и Катја Конвалинка, и мецосопраните Ирена Јебуах Тиран, Барбара Јернејчиќ и Ања Земљариќ.

„Свадба“ е камерна опера на српски јазик за шест женски гласови, А капела и повремена придружба на ударни инструменти во изведба на самите пејачи. Музиката и либретото се напишани од Ана Соколовиќ, српска композиторка која живее во Канада. Дејството на операта се случува вечерта пред свадбата на Милица, млада девојка која со другарките го слави заминувањето во брачниот дом. Делото, премиерно беше прикажано во 2011 година во Торонто, а оттогаш редовно се изведува на многу сцени ширум светот. вј/вг/

Фото: НОБ

Остани поврзан