• вторник, 19 ноември 2024

Камерата на „Одисеј“ го сними познатиот кратер на Месечината

Камерата на „Одисеј“ го сними познатиот кратер на Месечината

Хјустон, 22 февруари 2024 (МИА) – Камерата за навигација на теренот на леталото „Одисеј“ сними фотографија од кратерот Белкович во северните екваторијални висорамнини на Месечината.

Станува збор за кратер со дијаметар од приближно 50 километри со планини во центарот, се наведува на веб-страницата на компанијата „Intuitive Machine“, која во соработка со НАСА го лансираше „Одисеј“.

Овој кратер е формација која е силно еродирана од подоцнежни удари, оставајќи ја преобликувана и еродирана.

Од Земјата, кратерот Белкович е видлив од страна, што го отежнува неговото детално гледање. Името го добило по советскиот астроном Игор В. Белкович.

Инаку, се очекува „Одисеј“ да слета на Месечината во текот на ноќта, доколку се оди според планот.

Ова е прв обид на САД да слета на Месечината по повеќе од 50 години и првпат вселенско летало во приватна сопственост да се обиде да го стори тоа.

Уредот носи неколку научни инструменти на НАСА и нови технологии.

„Одисеј“ беше лансиран пред седум дена од вселенскиот центар „Кенеди“ на врвот на ракетата „Фалкон 9“ изградена од калифорниската компанија „Спејс Икс“, во сопственост на Илон Маск. јт/

Летот на „Одисеј“ може да се следи на овој линк.

Остани поврзан