• среда, 25 декември 2024

Камелија Тодорова ќе отвори џез-фестивалот во Банско, се очекуваат музичари од Австрија, Турција, Грција, Србија и Северна Македонија

Камелија Тодорова ќе отвори џез-фестивалот во Банско, се очекуваат музичари од Австрија, Турција, Грција, Србија и Северна Македонија
Софија, 13 јули 2021 (МИА/БТА) - „Дамите пеат џез“ од Камелија Тодорова, Милица Гладнишка и Рут Колева е проектот што ќе го отвори џез-фестивалот во Банско на 7 август, соопштија организаторите. Трите пејачки ќе претстават избор од светската женска џез-сцена во последните децении. Покрај оригинална музика и амблематски песни како што се „Шепотат соништа“ и „Да е вљубен овој свет“, вклучени се и адаптации на песни од Ела Фицџералд, Жил Скот и Ерика Баду. До 14 август на сцената ќе излезат вкупно над 15 бугарски изведувачи и групи. Меѓу изведувачите се Веселин Којчев, Васил Спасов, Вики Алмазиду, Вили Стојанов бенд со учество на Стефка Оникјан, Ангел Заберски, Васил Петров, Теодосиј Спасов, Хилда Казасјан. Од странство се очекуваат дуото „Вила Мадалена“ од Австрија „Фолтин“ од Република Северна Македонија, „Хјуман тач“ од Грција и триото Билал Караман од Турција. „Девет“ е формација на двајцата музичари од Југоисточна Европа, во која членуваат саксофонистот и кларинетист Љубомир Господинов од Бугарија и пијанистот Никола Станошевиќ од Србија. Проектот се базира на мотиви од различни земји, испреплетени со џез-музика. Нагласеното бугарско присуство е дел од иницијативата на Општина Банско за поддршка на бугарските изведувачи по тешката пандемиска година. - Минатата година беше тешка за секого, но тоа особено го почувствуваа музичарите и уметниците. Затоа оваа година во нашата програма посветуваме особено внимание на бугарските изведувачи, рече градоначалникот на Банско. паг/  

Остани поврзан