• среда, 18 декември 2024

Камбовски и Шкариќ: Потребни се реформи за Уставниот суд да излезе од стегите на политиката

Камбовски и Шкариќ: Потребни се реформи за Уставниот суд да излезе од стегите на политиката
Охрид, 27 јули 2022 (МИА) – Потребни се реформи за Уставниот суд да излезе од стегите на политиката сметаат академик Владо Камбовски и професорот по уставно правно Светозар Шкариќ. Пред почетокот на седмата сесија на Охридската школа на природното право „Одржување на демократско општество преку зајакнување на неговите институции“ што од денеска до 2 јули ќе се одржува во Охрид одговарајќи на новинарски прашања академик Камбовски забележа дека покрај реформи потребни се и вистински гаранции за изборот на уставни судии. - Потребни се реформи не само во попрецизно дефинирање на улогата на Уставниот суд, пренесување на институтот на уставна тужба и уставна жалба за заштита на правата на граѓаните пред Уставниот суд, туку и вистински гаранции на начинот на избор на уставни судии. Уставниот суд да го ослободи процесот на избор на правници со врвни знаења во од политичко и партиско влијание. Сега гледаме избор доделен под стрикни и пракгатични видливи партиски интереси, кој не одговара на ниту еден концепт на почетен или среден развој на една држава, рече Камбовски. Зависноста на уставните судии од политичкото влијание, според професорот Шкариќ, е пред се поради нивниот слаб кивалитет - Уставните судии според нашиот Устав имаат многу силна позиција. Тие се зависни исклучиво само од Уставот. Имаат можност да бидат потполно независни и од политика и од било што друго, но нивната зависност е резултат на нивните слаби квалитети како уставен судија, нагласи Шкариќ. За еден судија да биде вистински, тој смета дека пред се треба да биде совесен. - Совеста е клучниот фактор, кој треба да овозможи Уставниот суд да функционира како што треба. Имаме проблем со совеста, а тоа е клучен проблем и за целото општество, додаде професорот Шкариќ. Според него, политика е присутна секаде и таа извира од повеќе партискиот систем, што не треба да не вознемирува. Прашање подвлече, е како правото да ја запира политиката, а во тој контекст главна улога има Уставниот суд. - Уставот суд има можност и должност да ги уништува законите, а тоа значи целото Собрание да го стави под контрола, како и Владата и другите судови. Уставниот суд е над начелото на поделбата на власта. Врзан е исклучиво за уставот. Зошто не делува во таа насока е проблем со профилот на судиите. Судиите во Уставниот суд доаѓаат на предлог на политичките партии и секоја партија се бори да има свој уставен судија за да може да ја штити корупцијата и криминалот на политиката. Ако успееме да ја пресечеме таа линија тогаш ќе може да се зборува за усовршување на Уставниот суд, изјави Шкариќ. сс/дма/

Остани поврзан