• среда, 25 декември 2024

Камала Харис ќе учествува на првиот митинг во Висконсин, откако Бајден се откажа од претседателската трка

Камала Харис ќе учествува на првиот митинг во Висконсин, откако Бајден се откажа од претседателската трка

Вашингтон, 23 јули 2024 (МИА) - Потпретседателката на САД, Камала Харис, денеска отпатува за Милвоки (Висконсин), каде што ќе го одржи својот прв предизборен митинг откако ја започна кампањата. До денеска има собрано над 100 милиони долари и има поддршка од фракции во Демократската партија.

На крајот на минатата недела актуелниот претседател Џо Бајден се повлече од претседателските избори и ја поддржа кандидатурата на Камала Харис.

Денешниот митинг беше планиран уште пред Бајден да се откаже од трката и се очекува таа да се претстави како бранител на економските слободи и правото на абортус.

„Овие избори претставуваат јасен избор меѓу две различни визии. Доналд Трамп сака да ја врати земјата во време пред многумина од нас да имаа целосни слободи и еднакви права. Верувам во иднина која ја зајакнува нашата демократија, ги штити репродуктивните слободи и на секој човек му дава можност не само да преживее, туку и да напредува“, рече Харис.

Во Висконсин, на Харис ќе и се придружат голем број локални сопартијци, како што се гувернерот Тони Еверс, сенаторот Тами Болдвин и државниот јавен обвинител Џош Кол, како и синдикалните лидери. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан