• четврток, 26 декември 2024

Камала Харис ќе се вакцинира јавно

Камала Харис ќе се вакцинира јавно
Вашингтон, 18 декември 2020 (МИА) - Новоизбраната потпретседателка на САД, Камала Харис ќе ја прими вакцината против Ковид-19 во јавно опкружување, изјавија претставници на нејзиниот штаб за Си-Ен-Ен. Точниот датум и другите детали сè уште не се објавени. Новоизбраниот претседател Џо Бајден најверојатно ќе ја прими вакцината на почетокот на следната недела и тоа ќе го стори јавно, беше објавено претходно. паг/    

Остани поврзан