• сабота, 23 ноември 2024

Камала Харис ќе одржи завршен говор на местото каде што Трамп го инспирираше нападот на Капитол

Камала Харис ќе одржи завршен говор на местото каде што Трамп го инспирираше нападот на Капитол

Вашингтон, 24 октомври 2024 (МИА) - Кандидатката за претседателка на САД, Камала Харис, ќе го одржи својот последен голем говор во претседателската кампања на местото Елипса во Вашингтон, каде што Доналд Трамп на 6 јануари 2021 година се обрати пред насилниот напад на неговите приврзаници на Капитолот.

Харис редовно во своите говори го критикуваше Трамп како „закана за демократијата", особено во врска со настаните од 6 јануари 2021 година, кога неговите поддржувачи насилно влегоа во Капитолот поради лажните тврдења за „украдени избори". Во нападот загинаа шест лица, а над 174 полицајци беа повредени.

Харис одлучи на ова место да го одржи својот најважен говор пред претседателските избори, сметајќи го за клучен во нејзината кампања. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан