• сабота, 23 ноември 2024

Камала Харис повика за прекин на нападот врз Капитол Хил

Камала Харис повика за прекин на нападот врз Капитол Хил
Вашингтон, 6 јануари 2021 (МИА) - Новоизбраната заменичка-претседателка на САД, Камала Харис на својот Твитер налог повика за ставање крај на насилството во Капитол Хил. -Се приклучувам кон новоизбраниот претседател Џо Бајден во повикот за ставање крај на нападот врз Капитол и нашите претставници на народот и како што тој кажа „да се овозможи продолжување на демократските процеси“, наведе Харис во својот твит. Харис беше во Конгресот, кога почнаа немирите, но таа беше безбедно евакуирана. ац/

Остани поврзан