• среда, 25 декември 2024

Камала Харис допатува во Гана, првата станица на нејзината африканска турнеја

Камала Харис допатува во Гана, првата станица на нејзината африканска турнеја

Акра, 27 март 2023 (МИА) - Американската потпретседателка, Камала Харис, синоќа пристигна во Гана, првата станица од нејзината турнеја низ три африкански земји, на која има цел да ги зајакне дипломатските врски меѓу Вашингтон и Црниот континент.

Нејзиното патување во Гана, Танзанија и Замбија, што завршува на 2 април, доаѓа по декемврискиот самит САД-Африка во Вашингтон, каде што претседателот Џо Бајден вети сеопфатно партнерство со Африка додека САД се обидуваат да го зајакнат своето присуство на континентот поради на растечкото влијание на Кина и Русија.

Камала Харис, придружувана од нејзиниот сопруг Даглас Емхоф, беше пречекана на аеродромот во Акра од потпретседателот на Гана, Манмуду Бавумиа.

-Со нетрпение очекуваме да го претвориме ова патување во нова афирмација на трајното и важно пријателство меѓу американскиот народ и оние што живеат на африканскиот континент, рече Харис.

„Имам големи очекувања во врска со иднината на Африка и нејзиното влијание врз остатокот од светот, вклучувајќи ги и САД“, додаде таа по нејзиното пристигнување.

За време на посетата, американската потпретседателка треба да разговара за кризата со климатските промени, за подобрување на безбедноста на храната и за зголемување на инвестициите на континентот. сд/

Остани поврзан