• вторник, 26 ноември 2024

Камала Харис гласаше на претседателските избори во САД: Мојот глас веќе патува за Калифорнија

Камала Харис гласаше на претседателските избори во САД: Мојот глас веќе патува за Калифорнија

Вашингтон, 4 ноември 2024 (МИА) - Потпретседателката на САД и демократска кандидатка за претстојните претседателски избори, Камала Харис, денеска им изјави на новинарите дека гласала на изборите, така што неодамна го пополнила гласачкото ливче и го испратила во Калифорнија, каде што е регистрирана како гласач.

-Всушност само го пополнив моето гласачко ливче и го испратив по пошта.Така што, јас гласав, им рече Харис на новинарите во Детроит, објави Си-Ен-Ен.

На прашањето дали гласачкото ливче е вратено, таа рече дека нејзиното гласачко ливче е на пат за Калифорнија и дека ќе му верува на системот дека таму и ќе стигне.

„Вашиот глас е ваша моќ“, потенцира таа на платформата Х, потсетувајќи дека изборите ќе се одржат на 5 ноември.сд/

Остани поврзан