• среда, 18 декември 2024

Камала Харис в понеделник ќе се сретне со Бени Ганц

Камала Харис в понеделник ќе се сретне со Бени Ганц

Вашингтон, 2 март 2024 (МИА) – Американската потпретседателка Камала Харис в понеделник ќе се сретне со министерот во воениот кабинет на Израел Бени Ганц, соопшти официјален претставник на Белата куќа.

Средбата доаѓа во контекст на напорите на Вашингтон да постигне прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и исламистички Хамас во Појасот Газа.

Средбата треба да се одржи во Белата куќа. Покрај примирјето, за кое висок американски функционер претходно денеска изјави дека Израел се согласил, ќе се разговара и за пристапот до хуманитарна помош за палестинското население во енклавата. јт/

Остани поврзан