• среда, 25 декември 2024

Камала Харис вечерва и официјално ќе ја прифати претседателската номинација од Демократската партија

Камала Харис вечерва и официјално ќе ја прифати претседателската номинација од Демократската партија

Вашингтон, 22 август 2023 (МИА) - За време на завршната вечер на демократската национална конвенција во Чикаго, актуелната потпретседателка на САД, Камала Харис, вечерва треба и официјално да ја прифати претседателската номинација од Демократската партија за кандидатка на претседателските избори во ноември.

Британските медиуми пренесуваат дека таа ќе биде кандидатката која ја претставува најбрзо растечката расна категорија во земјата, како мултирасна личност и ќерка на родители имигранти, татко од Јамајка и мајка Индијка.

Според американското биро за попис, околу 42 милиони Американци сега се идентификуваат како мултирасни, или 13 отсто од населението во САД. За споредба, на пописот во 2000 година, кога за првпат беше дозволено да се изберат повеќе раси, само два отсто од жителите се изјаснија како такви.

Америка, и покрај нејзината разноликост, долго време функционираше под систем на сегрегација, при што некои држави легално ги сегрегираат граѓаните по раса се додека законите за граѓански права од 1960-тите и законите за забрана на меѓурасни бракови беа поништени до 1967 година.

Оттогаш, општествените промени се брзи, а Барак Обама беше избран за прв црн претседател на земјата во 2008 година, додека Харис ќе биде првата црна и јужноазијка ако биде избрана во ноември.

-Живееме во ситуација 50 години подоцна кога би можеле да го видиме нашиот втор мултирасен претседател, и тоа е прекрасно, рече Сванте Мирик, претседател на групата People for the American Waz, чиј татко беше црн, а мајка бела.

Британските медиуми наведуваат дека Америка во иднина ќе биде уште поразновидна, бидејќи повеќето мултирасни луѓе се на возраст под 44 години, а една третина се деца.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп неодамна изрази критика на сметка на Харис затоа што го користела нејзиниот идентитет како црна жена за политички цели.

-Кога имате поединци кои имаат повеќе искуства во иста личност, тоа е предност. Тоа ја подобрува нејзината способност да донесува закони и да заговара во името на широк спектар Американци, рече пратеникот Максвел Фрост, кој е Либанец, Порториканец и Хаиќанец. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан