• среда, 25 декември 2024

Калцона задоволен од играта на Наполи по ремито со Торино

Калцона задоволен од играта на Наполи по ремито со Торино

Неапол, 9 март 2024 (МИА) - Тренерот на Наполи, Франческо Калцона, нема забелешки за неговите фудбалери и покрај ремито со Торино (1:1) синоќа во натпреварот од 28. коло на италијанското првенство. 

-Штета што одигравме само нерешено, но јас сум задоволен од играта. Ако секогаш играме вака, ќе стигнеме далеку, изјави Калцона за официјалниот сајт на Наполи.

Калцона го презеде актуелниот италијански шампион во февруари оваа година. Тој на тренерската позиција го наследи Валтер Мацари кој доби отказ поради слаби резултати.

По 24 кола Наполи е на седмото место во Серија А со 44 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан