Калифорнија и Невада зафатени од силна снежна бура
- Снежна бура го зафати западниот дел на Соединетите Американски Држави, односно сојузните држави Калифорнија и Невада, каде илјадници домаќинства останаа без струја.
![Калифорнија и Невада зафатени од силна снежна бура](https://new.mia.mk/index.php/images/20240304121857_big_730x400_73.webp )
Сакраменто, 4 март 2024 (МИА) - Снежна бура го зафати западниот дел на Соединетите Американски Држави, односно сојузните држави Калифорнија и Невада, каде илјадници домаќинства останаа без струја.
Калифорнија и Невада исто така беа погодени од дожд и ветрови со брзина поголема од 100 милји на час.
Стотици возачи останаа заглавени на автопатот Интерстејт – 80 меѓу Рено и Сакраменто поради снежната бура и намалената видливост, а властите мораа да затворат повеќе од 160 километри од фреквентниот пат.
Официјални лица изјавија дека има повеќе извештаи за несреќи и возачи кои ја изгубиле контролата над возилото.
Повеќе од 7.000 домови во Калифорнија останаа без струја во текот на викендот. паг/
Фото: ЕПА