• среда, 25 декември 2024

Калифорниското вино се продава по рекорднo ниски цени

Калифорниското вино се продава по рекорднo ниски цени
Вашингтон, 18 февруари 2020 (МИА) - Калифорниското вино во САД, откако бербата на грозјето во Калифорнија сезонава достигнала рекордни количини, сега се нуди по рекордно ниски цени, се наведува во најновиот извештај на Банка Силиконска долина. Роб Макмилијан, вински специјалист во Банката и автор на најновиот извештај за состојбата во винската индустрија на САД за 2020 година, вели дека потрошувачите ќе бидат задоволни од „најдобрата пазарна цена на виното во изминатите 20 години“. - Пребогатиот род на грозје доведе до вишок на производство и пониски цени на виното за Американците, истакнува експертот. Тој смета дека ситуацијата во винската индустрија на САД, сепак, не е одлична. - Миленијалите не го прифатија виното, иако кај нив се крие потенцијал за домашните винарии. Не се ангажиравме доволно со овие потрошувачи, а бејби бумерите, кои беа главната движечка сила во изминатите три децении, нема да живеат вечно, изјави Макмилијан. Како што објави Си-Ен-Ен, лозарите во Калифорнија во изминатите четири години создале илјадници хектари нови лозови насади и тоа, благодарејќи на ефектните методи на род, резултирало во обилни гроздобери. Како резултат на тоа, производството на вино се зголемило, но побарувачката од дистрибутивните мрежи не пораснала. - Преголемата снабдувачка со вино во Калифорнија и Вашингтон не е поради шпекулативно планирање, туку поради неуспехот на винариите да дознаат што потрошувачите сакаат. Не е во прашање квалитетот, никогаш досега не сме правеле подобро вино, но правањето добро вино не е доволно за денешните потрошувачи, се вели во извештајот. Макмилијан истакнува дека за пазарот да се врати во рамнотежа, калифорниските винарии треба да го намалат производството на вино и да планираат помалку лозови насади. Според него, за стабилизација на пазарот ќе бидат потребни најмалку две до три години. бк/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан