Калеска Ванчева: Се качивме на возот за ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ сака да се вратиме назад
- Искрено се надевам, јас како и огромното мнозинство на граѓани дека сите заедно ќе собереме сила да истраеме на патот на европска Македонија, бидејќи тоа е единствена алтернатива, истакна пра
Скопје, 12 септември 2022
Искрено се надевам, јас како и огромното мнозинство на граѓани дека сите заедно ќе собереме сила да истраеме на патот на европска Македонија, бидејќи тоа е единствена алтернатива, истакна пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24.
Таа додаде дека кога држвата дојде толку блиску, ВМРО ДПМНЕ која, патем, не гласаше ниту за ниту против за Договорот за добросеседство со Република Бугарија, одлучи да не се одвива дебата во собранието туку одлучи сите да ги слушаат нив, а кога треба да се разговара и да зборуваат пратениците на позицијата тогаш на секој можен начин да го попречуваат тоа,
Се качивме на возот за ЕУ, вие сакате назад да се вратиме, порача Калеска Ванчева, додавајќи дека граѓаните знаат дека со СДСМ започнува скринингот за членство во ЕУ.
Пратеничката Калеска Ванчева нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не ја доби поддршката, туку ја силува поддршката, не доби поддршка на изборите ниту во 2020 година ни на последните вонредни избори пред месец дена, граѓаните потворно пратија сигнал.
ВМРО-ДПМНЕ од една страна зборува за просперитет, за криза, која е глоблна, а сака 80 милиони евра да флриме на референдум да ја вратиме Македонија назад, рече Калеска Ванчева додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ првите се изјаснија дека државата трееба да биде во НАТО иу ЕУ, а сега сака да ја врати назад.
ВМРО-ДПМНЕ избира кукавички начин, се крие зад граѓаните, ако се искрени во намерите, ако сметат дека е тој договор е лош, нека дојдат на власт, па има одредба во договорот дека може со едностарна изјава да го прекинат, порача пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.