• среда, 18 декември 2024

Калеска Ванчева: ВМРО-ДПМНЕ знаеше дека бараниот референдум е споротивен на Устав

Калеска Ванчева: ВМРО-ДПМНЕ знаеше дека бараниот референдум е споротивен на Устав
15 септември 2022
 
Со вака бараниот референдум, ВМРО-ДПМНЕ знаеше дека тој е спротивен на Уставот и на член на Законот за референдум и знаеше дека на таков начин не може да дојде до дератификација на законот за ратификација на договорот за добрососедство со Бугарија, истакна пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Вин-Вин“ на телевизија Телма.
Калеска Ванчева нагласи дека сé укажува дека ВМРО-ДПМНЕ свесно отиде со ваква иницијатива знаејќи дека тоа ќе биде проблематично.
Од потпишувањето на договорот до неговата ратификација е поминато доволно време во кое не само ВМРО-ДПМНЕ, туку било кој друг можел да иницира референдум, но ВМРО-ДПМНЕ не иницираат референдум, туку одлучуваат да отсуствуваат од седницата на која се ратификува договорот, за да не гласаат ни за ни против, истакна пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.
СДСМ
_______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 

Остани поврзан