• среда, 25 декември 2024

Калеска-Ванчева: Извештајот на ЕК констатира напредок во правосудството

Калеска-Ванчева: Извештајот на ЕК констатира напредок во правосудството
Скопје, 8 октомври 2020 Во самиот извештај на ЕК е констатиран напредок во правосудството, во областа на фундаментални вредности, избори, владење на право, борба против корупција, истакна пратеничката и координаторка на Форумот на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Патот кон“ на Алсат телевизија. Секако дека не сме задоволни со овој степен на напредок, треба уште повеќе, но тоа е процес кој продолжува, нагласи Калеска Ванчева. Во изминатите 3 години работевме конечно да ги ослободиме институциите, да им дадеме клучни механизми, да можат со сиот свој капацитет да се борат да спречуваат криминал, а особено висока корупција, рече Калеска Ванчева. Таа додаде дека клучно во изминатиот период е донесувањето на законот за јавно обвинителство и нависитна треба да бидеме задоволни и тоа е една од сериозните причини за напредок во судството, тој закон е клучен, кој треба да овозоможи продожување на сите постапки на СЈО. Покрај донесувањето на ЗЈО, клучи беа и измените во законот за судски совет, бидејќи му овозможија повеќе механизми на судскиот совет во следење на работата на судовите, судиите и нивно дисциплинирање, дисциплински постапки со конкретни мерки, за нестручно и несовесно врешење на својата фунцкија, нагласи пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева Таа потести дека тука е и донесувањето на законот за спречување корупција и судир на интереси, кој го донесовме со сеоптфана дебата во Собранието, со натегања, но сепак заедно со опозицијата го донесовме тој закон и заедно со опозицијата ја избравме ДСКС која гледаме дека веќе почнува сериозно да ја работи својата работа.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
_________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан