• петок, 27 декември 2024

Калеска-Ванчева: ВМРО-ДПМНЕ сака да го блокира и пописот, тоа нема да го дозволиме

Калеска-Ванчева: ВМРО-ДПМНЕ сака да го блокира и пописот, тоа нема да го дозволиме
Скопје, 29 декември 2020  -  Попис на населението ќе има идната година во април, бидејќи тоа е неопходно за развојот на државата. Во 2021 година следува успешна статистичка операција спроведена според најдобрите стандарди на ЕУ. Пописот, како статистичка операција, според највисоките меѓународни стандарди на ЕУ, ќе го организира и спроведе Државниот завод за статистика. Со предлог Законот за попис, имаме за цел, оваа статистичка операција, сега и во иднина да не се третира веќе како политичко прашање. Пописот не смее и нема да зависи од волјата на политичките партии и лидери. Тој погрешен концепт на ВМРО ДПМНЕ, пописот да биде политичка операција се потврди како погрешен во 2011 година и затоа пописот пропадна и залудно се потрошија народни пари. Неконструктивна опозиција, без компас, сега се противат на попис. Се противат на онлајн работа на Собранието, блокираат работа на законодавен дом кога на граѓаните им требаат институции за борба со пандемијата и заздравување на економијата. Немаат ниту една идеја од помош, само блокади, блокади, блокади.  Ништо друго од деструктивната ВРМО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски. Затоа им се рејтинзите такви никакви.  Затоа губат 6 пати на избори. Народот гледа и ги казнува а тие никако да ја научат лекцијата. Попис е неопходен за развој на нашата татковина, која единтвена во регионот нема организирано попис 18 години. Апелирам до пратениците да се водат од одговорноста пред граѓаните и државата и да се усвои предлог Законот за попис. Не дозволиво е оваа битна операција да се политизира ниту да се одложува. Попис ќе има. Ние ќе продолжиме да работиме за доброто на сите граѓани, а тие нека останат сами, блокирани, изолирани. Снежана Калеска-Ванчева, координаторка на Форум на жени на СДСМ и пратеничка СДСМ - Центар за комуникации со јавноста https://youtu.be/PHhMIH-2B1o

Остани поврзан