• среда, 25 декември 2024

Калатес ќе го пропушти Светското првенство

Калатес ќе го пропушти Светското првенство

Атина, 18 јули 2023 (МИА) - Грчкиот плејмејкер Ник Калатес ќе го пропушти претстојниот Мундијал. Својата одлука играчот му ја соопшти на селекторот на грчката репрезентација Димитрис Итудис.

 

Триесет и четиригодишниот кошаркар планира да одмори пред претстојната сезона во Евролигата, тврди „Gazzetta.gr“.

 

Грчката репрезентација би можела да се соочи со сериозен проблем во бековската линија, бидејќи и Тајлер Дорси и Костас Слукас решија да го пропуштат Мундобаскет.

 

Грција ќе игра во групата Ц заедно со САД, Нов Зеланд и Јордан. Натпреварите по групи ќе се одржат во Манила, Филипини.

 

Светското кошаркарско првенство ќе се игра од 25 август до 10 септември. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан