• недела, 01 септември 2024

Калатес осмо засилување на Фенербахче

Калатес осмо засилување на Фенербахче
Истанбул, 23 август 2022 (МИА) – Грчкиот кошаркарски репрезентативец Ник Калатес потпиша двегодишен договор со турскиот гигант Фенербахче, соопшти денеска клубот од Истанбул. Калатес (33) минатата сезона во дресот на Барселона одигра 29 натпревари во Евролигата со просек од 7.3 поени, четири скокови и 6.4 асистенции по натпревар. Калатес со Барселона ја освои шпанската титула во 2021 година, а претходно со Панатинаикос ја освои Евролигата (2011), а во Локомотив Кубањ триумфираше во Еврокупот (2013). Грчкиот кошаркар е осмо засилување на Фенербахче во летниот преоден рок. ег/паг/

Остани поврзан