• четврток, 19 декември 2024

Како функционира израелската „Железна купола“?

Како функционира израелската „Железна купола“?

Тел Авив, 10 октомври 2023 (МИА) - Откако палестинската милитантна група Хамас во саботата истрела огромен број ракети кон Израел, земјата повторно се потпре на системот за противракетна одбрана „Железна купола“. 

Според Си-ен-ен, „Железната купола“ е една од најважните алатки во арсеналот на Израел за спасување безброј животи за време на различни конфликти во изминатата деценија. Тоа е многу ефикасен систем, а израелските одбранбени сили (ИДФ) во мај соопштија дека „Железната купола“ имала 95,6 проценти успех за време на ракетните напади од страна на палестинската милитантна група „Исламски џихад“. 

Мобилниот систем за противвоздушна одбрана се состои од 10 батерии, од кои секоја има три до четири ракетни фрлачи. 

Развојот на „Железната купола“ почна во 2007 година, а по тестирањето во 2008 и 2009 година, првите батерии станаа операбилни во 2011 година, додека оттогаш системот неколку пати е надградуван. 

„Железната купила“ е дизајнирана да соборува дојдовни проектили и е опремена со радар што детектира проектили во опсег од четири до 70 километри, а потоа користи систем за команда и контрола што брзо пресметува дали проектилот што доаѓа е закана или веројатно ќе погоди ненаселена област.

Доколку проектилот претставува закана, системот истрелува проектили за да го уништи во воздух. Стапката на успешност на системот достигнува повеќе од 90 проценти. сд/

Остани поврзан