• петок, 27 декември 2024

Како се отвора кокос?

Како се отвора кокос?
Скопје, 12 април 2021 (МИА) - Кокосот како овошен плод не е својствен за нашето поднебје, но за оние кои сакаат да отпатуваат во некоја егзотична земја, следните совети ќе им бидат од полза. За разлика од многу други видови овошје со висока содржина на јаглени хидрати, кокосот содржи претежно маснотии. Но, тие се со посебен вид триглицериди и затоа се вари полесно од обичните масти. Покрај тоа, кокосот содржи и витамини и минерали: железо, манган, калиум, фосфор, цинк, магнезиум и калциум. Еве зошто кокосот е навистина здраво овошје: Кокосовата вода е извор на електролити; има силни антибактериски и антивирусни својства; раствора камења во бубрезите; ја подобрува функцијата на системот за варење и црниот дроб; го намалува лошиот холестерол, а го зголемува добриот; го регулира шеќерот во крвта; штити од остеопороза и ја стимулира регенерацијата на ткивата. Но, за да стигнете до вкусната, слатка јатка од кокосот, секогаш треба малку повеќе труд. Прво, за чистење на плодот - постојат повеќе техники, исто како и за авокадото или кивито. Потоа, кршењето... Овој процес на отворање кокос е брз и лесен, но сепак, требаат неколку алатки: одвртувач или сличен цврст и зашилен предмет, потоа - чекан, даска и остар нож. Со одвртувачот се бодат трите кругови на врвот на кокосот, со цел да се подрашират. Потоа, се цеди кокосната вода во чаша. Следува удирањето на кокосот со чекан, сѐ дури не се скрши кората. Така се доаѓа до белиот дел што се сече и се јаде. Тоа потоа може да се додаде во смути, овошни салати, колачи и разни јадења што ќе добијат посебен, егзотичен вкус.  си/сд/

Остани поврзан