• четврток, 26 декември 2024

Како да се избегне стрес при патување?

Како да се избегне стрес при патување?
Лос Анџелес, 10 септември 2021 (МИА) - Патувањето предизвикува стрес, особено кај луѓето кои ретко одат на одмор или по друга потреба во странство. Како што пишува „Дејли експрес“, за да се избегнат непредвидени ситуации за време на патувањето, се препорачува планирање однапред - изберете ја насоката, маршрута, хотел, возило, купете ја и подгответе ја потребната облека за местото и сезоната, пред патувањето. Ако се патува со авион, подобро е да се користат директни летови за да се избегнат проблеми и долго чекање за трансфери, сметаат експертите. И, се разбира, треба однапред да ги проучите правилата за влез во земјата во којашто патувате, на пример - за тоа дали ви е потребен сертификат за вакцинација или негативен ПЦР-тест. Кога патувате, не занемарувајте го осигурувањето. Тоа ќе Ве заштити во случај на сообраќајни незгоди, непредвидени медицински трошоци, губење багаж или кражба на документи. А, за да се отстранат можните кибер-закани, стручњаците препорачуваат секогаш да се купува привремена СИМ-картичка и да се користи мобилен интернет. Јавните ви-фи мрежи се небезбедни затоа што се бесплатни и се најпристапни за хакери и измами. си/гт/

Тагови

Остани поврзан