• сабота, 09 ноември 2024

Како да се заштити кучето од топлотен удар?

Како да се заштити кучето од топлотен удар?
Скопје, 20 јуни 2022 (МИА) - Во текот на големите горештини лете, не смее да се заборави ниту на домашните миленици, кои исто како и луѓето, можат да доживеат топлотен удар, познат како хипертермија. Тоа може да има сериозни последици врз нивното здравје. Нормалната температура на кучето е од 38 до 39,2 степени Целзиусови, Сѐ над тоа е опасно. Кога внатрешната телесна температура на кучето надминува 42,8 Целзиусови степени, доаѓа до топлотен удар. Кучињата имаат два начини да се разладат: проширување на крвните садови и дишење. Кога дишат, ја испаруваат влагата од нивните јазици, носеви и слузницата на белите дробови, што ги лади додека воздухот минува низ влажното ткиво. - Топлинскиот удар обично се случува кога високите температури на околината ја надминуваат способноста на кучето да ја „поднесува“ топлината. Степенот на влошување се одредува од тоа колку е висока температурата на телото и колку долго животното било изложено на тоа, вели ветеринарот д-р Џери Клајн. Знаци на кои треба да се внимава Топлинскиот удар кај кучињата е опасен по живот и може да има сериозни компликации. Постојат рани знаци на топлотен удар на кои треба да се обрне внимание и да се дејствува пред работите да станат премногу сериозни. Тоа се: отежнато дишење и забрзано дишење, прекумерна саливација, светло-црвени непца и јазик, кожа топла на допир и зголемен пулс. Кучињата во топлотен удар стануваат хиперактивни и може да имаат потешкотии во рамнотежата. Кои групи се најмногу изложени на ризик? Најчувствителни се многу малите, како и постарите кучиња, кучињата со прекумерна тежина и оние кои не се во форма, бидејќи дополнително се напрегаат и трошат повеќе енергија во претерано топлата средина. Една од најчестите причини за топлотен удар кај кучињата е оставањето на миленичето затворено во автомобил или во кафез или простор без свежа вода подолго време. Како да се лекува топлотниот удар? Прво и основно, треба да му помогнете на кучето да се олади, на еден од следниве начини: Кучето се носи на ладно место, шрскање или миење на кучето со студена (но не претерано студена) или млака вода, носење пред вентилатор или друг ладилник за воздухот. Превенцијата е најдобриот лек! Итно и правилно дејствување и спречувањето се исклучително важни бидејќи тоа може да бидат разлика меѓу брзото и целосно закрепнување и долгорочните последици. Некои ветеринари, исто така, предупредуваат дека кај кучињата кои претрпеле топлотен удар има поголема веројатност тоа да им се повтори. За крај, советот гласи - одберете да го прошетате миленичето кога Сонцето ќе зајде. И никогаш не го оставајте во автомобил - можеби ќе си недостигате, но подобро е кучето да чека дома.  си/сд/

Остани поврзан