• четврток, 26 декември 2024

„Каква ти е жена, такав ти је живот“ за старт на Фестивалот на балканска независна театарска сцена

„Каква ти е жена, такав ти је живот“ за старт на Фестивалот на балканска независна театарска сцена
Скопје, 24 август 2021 (МИА) – Фестивал на балканската независна театарска сцена ќе се одржи од 27 август до 5 септември во Парк шумата во општина Гази Баба. Љубителите на тетарските претстави ќе имаат можност да проследат вкупно шест претстави во режија на Раде Вукотиќ. Фестивалот ќе започне со театарската претстава „Каква ти е жена, такав ти је живот“, со Драган Маринкович - Маца, која ќе се одржи во петок со почеток од 20 часот. Останатите селектирани претстави се  „SEX BOMB“, во која играат Ѓорѓе Давид, Никола Ивачков, Марија Вељковиќ и Бојана Грабовац, потоа „Не ми го чепкај пивото“, со Надица Петрова, Бобан Алексоски и Давид Илиќ, во понеделник „Средба со неочекуваното“ – Tеатар ГЕСТОС / Читалиште Елин Пелин, Софија; Р. Бугарија, со актерите Славјана Љубомирова, Камен Иванов и Атанас Чопов, во вторник „Јас бремената“ – Театар КЕРЕКЕШ, Вараждин; Хрватска, играат Јан Керекеш и Ана Бегиќ Тахири, и „Ожени ме“ во продукција на Театар Провокација, играат Избела Јакимова и Бранко Атанасов -Ова е една од најстарите театарски трупи која опстојува веќе 30 години на оваа балканска сцена, а за да се опстане толку време мора да се понуди квалитет. Раде Вукотиќ е директорот и режисерот на овие претстави и тој секогаш во неговите претстви има ѕвезди. Станува збор за фестивал со натпреварувачки карактер, на крај ќе се доделуваат награди за најуспешната претстава, најуспешните актери, режија и се она кое ќе го видиме дека се издвојува по нешто, истакнуваат од Театар Провокација. Станува збор за проект овозможен од страна на општина Гази Баба во соработка со театарот Провокација. Градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски на прес-конференција истакна дека Фестивалот има за цел да им овозможи на граѓаните да се расположат и да не мислат на секојдневните грижи и страв кои ги наметна ковид пандемијата. -Пандемијата со вирусот Ковид-19 изминатиов период, не спречи сите нас да уживаме  во културните настани, стравот од пандемијата со која се соочи целиот свет е присутен кај сите, токму затоа решивме да понудиме еден концепт кој ќе ги врати насмевките кај луѓето, и на момент да заборават на проблемите и на стравот и да се расположат, рече Георгиевски. Фестивалот ќе се одржува во Парк шума кај црквата Сретение Господово во општина Гази Баба, а влезот ќе биде слободен.свс/лв/

Остани поврзан