• недела, 17 ноември 2024

Кака се пријави за маратонот во Берлин 

Кака се пријави за маратонот во Берлин 

Берлин, 23 септември 2022 (МИА) – Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Кака ќе дебитира в недела на маратонските трки на изданието во Берлин.

Кака, кој во својата богата играчка кариера настапуваше за Реал Мадрид и Милан, истакна дека борбата на неговиот татко со коронавирусот го поттикнала да се пријави за настап на Берлинскиот маратон.

-Во болница остана 45 денови. За среќа денес е со нас, изјави добитникот на „Златната топка“ во 2007 година, додавајќи оти на маратонот во Берлин ќе настапат и неговиот брат и татко.

-Тој (мојот татко) нема да трча, туку само ќе ја мине трката пеш, но сакавме ова да го доживее со нас.. тоа повеќе е семејно искуство, порача Кака.

Поранешниот бразилски фудбалер го освои Севсткото лорвенство во 2002 година, а пет години подоцна ја заврши професионалната кариера. ег/

Остани поврзан