• среда, 25 декември 2024

Казни за 99 возачи на територијата на Прилеп, 39 биле без возачка дозвола

Казни за 99 возачи на територијата на Прилеп, 39 биле без возачка дозвола

Скопје, 3 јуни 2024 (МИА) - Санкционирани се 99 возачи во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.30 до 19.30 часот во рамки на акцискаѕа контрола на територијата на Прилеп, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи од страна на Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата.

При контролата, соопштија денеска од МВР, од вкупниот број санкционирани возачи 39 се за возење без возачка дозвола, осум санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, седум мерки за некористење заштитна кацига при возење мотоцикл, две санкции за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), четири мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции за возење со брзина поголема од дозволената...

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.цр/са/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан