Казни за 64 возачи на територијата на Тетово
- Во текот на вчерашниот ден во периодот од 17.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спровелеа акциска контрола на територијата на Тетово, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Скопје, 6 октомври 2023 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во периодот од 17.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спровелеа акциска контрола на територијата на Тетово, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата, соопштија денеска од МВР, санкционирани се 64 возачи, од кои 13 за возење без возачка дозвола, шест за измината важност на сообраќајната дозвола, седум возачи биле без лекарско уверение при вршење на јавен превоз, двајца за непрописно вградени фолии (затемнети стакла)... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/са/
Фото:МИА архива