• среда, 25 декември 2024

Казни за 34 пијани возачи на територија на СВР Битола

Казни за 34 пијани возачи на територија на СВР Битола

Скопје, 2 мај 2023 (МИА) - Во текот на изминатата вечер во периодот од 17:00 до 22:00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што се казнети 34 возачи.

Како што денеска информираа од МВР, од нив 14 на територија на  Битола, шест во Прилеп, пет во Демир Хисар, по тројца во Македонски Брод и Ресен и двајца во Крушево.

За време на контролата биле санкционирани и 21 други видови прекршоци.

Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/дма/

Фото: МВР

Остани поврзан