• среда, 25 декември 2024

Казни за 332 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Казни за 332 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Скопје, 8 април 2024 (МИА) - Санкционирани се 332 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, соопштија денеска од МВР. 

Од нив, 25 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 172 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 160 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан