• среда, 13 ноември 2024

Казни за 231 непрописно паркирани возила во Центар изминатата седмица

Казни за 231 непрописно паркирани возила во Центар изминатата седмица

Скопје, 2 јануари 2024 (МИА) -  ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје изминатата седмица санкционирале 231 непрописно паркирано возило кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што информира ЈП ПОЦ, од 25 до 31 декември 2023 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ова јавно претпријатие, биле отстранети 119 непрописно паркирани возила, а со поставување блокатор биле санкционирани 112 возила  затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

-ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар, соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар. хс/са/

Фото: ЈП Паркинзи на Општина Центар 

Остани поврзан