• среда, 25 декември 2024

Казни за 22 пијани возачи на територија на СВР Штип

Казни за 22 пијани возачи на територија на СВР Штип
Скопје, 23 октомври 2022 (МИА) - На територијата на СВР Штип во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол при што се санкционирани 22 возачи. Од МВР денеска најавија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/

Остани поврзан